Од први ноември раздолжувањето меѓу операторите во мобилната телефонија во делот на говорните услуги и СМС пораките станува симетрично. Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, цените за говорните услуги се веќе определени и ќе изнесуваат 1,2 денари по терминација во сите три мобилни оператори. До цената е дојдено според трошковен модел. Досега цените за терминација беа 4 денари кон мрежата на Т-Мобиле, а 3 денари плаќаа ВИП и ОNЕ, сега ќе се изедначат и сите три оператори ќе имаат по 1,2 денари. Во АЕК нагласуваат дека за утврдување на големопродажната цена на СМС пораките се прават анализи и дека и таа ќе биде намалена.
Од први ноември раздолжувањето меѓу операторите во мобилната телефонија во делот на говорните услуги и СМС пораките станува симетрично.
Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, цените за говорните услуги се веќе определени и ќе изнесуваат 1,2 денари по терминација во сите три мобилни оператори. До цената е дојдено според трошковен модел.
- Досега цените за терминација беа 4 денари кон мрежата на Т-Мобиле, а 3 денари плаќаа ВИП и ОNЕ, сега ќе се изедначат и сите три оператори ќе имаат по 1,2 денари - вели Орданоски.
Во АЕК нагласуваат дека за утврдување на големопродажната цена на СМС пораките се прават анализи и дека и таа ќе биде намалена.
- Ако цената на говорните услуги ја намалуваме од 4, односно 3 денари на 1,2 денари, тоа значи дека таа ќе биде повисока од сегашната големопродажна цена на СМС од 2 денари. Значи, не може СМС да е поскап од говорот. Очекувам максимумот за терминација на СМС порака да не биде повеќе од 1 денар, но можно е да биде уште пониска - вели Орданоски.
Цената на СМС пораките се регулирани во само три европски држави - во Франција е 1 евроцент, во Данска - 1,07 евроценти, а во Полска 1,22 евроценти. Во Македонија моментално чини 2 денари или 3,25 евроценти и со таа цена, како што потенцира Орданоски, се наоѓаме во втората половина на графиконот што го изработи БЕРЕК каде се покажани големопродажните цени на СМС пораките во сите европски држави.
- Мотивот зошто и СМС го намалуваме е неколкукратен. Освен што со намалувањето на цената на терминација на говор од 1,2 денари од 1 ноември, сакаме помалото искористување на СМС сервисот да се зголеми.
Податоците кажуваат дека се помалку се праќаат СМС пораки, а овој колач се повеќе го преземаат бесплатните мобилни апликации, како Вајберр, Тангоо, Скајпп и други инсталирани на паметните телефони.
Од АЕК очекуваат со изедначувањето на цените за терминација во говорот и СМС, трошокот на операторите да е речиси ист, односно како корисник од друг оператор да врти во сопствената мрежа и цените на повик кон која било мрежа ќе бидат исти. Тоа ќе биде предизвик за мобилните оператори да понудат различни пакети и во нив да прават комбинации со бесплатни разговори, СМС пораки - пониски цени на интернет. Орданоски најави дека од 1 јануари 2014 година АЕК ќе ја регулира оптичката мрежа на Македонски телеком.
- На тој начин ќе се отвори голем простор за развој на конкуренција, затоа што не ни е целта да имаме еден доминантен оператор, туку да развиеме пазар еднаков за сите, односно да можат повеќе оператори, а не само еден, да нудат сервиси и услуги од најновата генерација - вели Орданоски.
Според Орданоски, на 1 декември стартува мобилната телефонија од четвртата генерација. Сите три оператори добија лиценци и во тек се подготовки на трите мрежи.